Ќе се градат нови хотели и во паланките

Bez autora
Oct 10 2011

Министерството за транспорт и врски, во соработка со општините, во најбрз можен рок треба да изнајдат што повеќе локации за изградба на хотели и сместувачки капацитети, кои би се понудиле на продажба. Вака заклучи Комитетот за туризам при Владата на РМ на кој беше разгледана реализацијата на мерките за развојот и промоцијата на туризмот во државата. Според Комитетот економските промотори на РМ во странство, во следните 12 месеци треба да остварат најмалку 270 контакти со странски туристички оператори кои ќе ја нудат Македонија како туристичка дестинација во нивните понуди, од кои се очекува најмалку 70 контакти да имаат резултат со реализација на туристички ангажман од странство во земјава. Министерството за економија, според заклучоците, треба да ги унапреди критериумите во Правилникот за категоризација на сместувачките капацитети, согласно европските стандарди со што би се подобрил квалитетот на туристичка понуда и сместувањето на гостите, а исто така, Министерството треба да изработи и специјален Правилник за сместување во автокамповите.

Ќе се градат нови хотели и во паланкитеМинистерството за транспорт и врски, во соработка со општините, во најбрз можен рок треба да изнајдат што повеќе локации за изградба на хотели и сместувачки капацитети, кои би се понудиле на продажба. Вака заклучи Комитетот за туризам при Владата на РМ на кој беше разгледана реализацијата на мерките за развојот и промоцијата на туризмот во државата.

Според Комитетот економските промотори на РМ во странство, во следните 12 месеци треба да остварат најмалку 270 контакти со странски туристички оператори кои ќе ја нудат Македонија како туристичка дестинација во нивните понуди, од кои се очекува најмалку 70 контакти да имаат резултат со реализација на туристички ангажман од странство во земјава.

Министерството за економија, според заклучоците, треба да ги унапреди критериумите во Правилникот за категоризација на сместувачките капацитети, согласно европските стандарди со што би се подобрил квалитетот на туристичка понуда и сместувањето на гостите, а исто така, Министерството треба да изработи и специјален Правилник за сместување во автокамповите.

Комитетот ја разгледа и Национална стратегија за развој на туризмот 2009-2013, при што донесени се заклучоци за почеток со реализација на повеќе мерки, меѓу кои и креирање на систем за прибирање на податоци од туристичка дејност, брендирање на македонскиот туризам и негова заштита на национално ниво. Дел од ова е и проектот за СМС-пораки за "добредојде" при влез во Македонија со препорака за посета на некои интересни туристички знаменитости или дестинации.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik